Принцот Вилијам наполни 30 години, а роденденот го прославил во кругот на семејството и пријателите. Официјалните лица од палатата соопштиле дека роденденот бил прославен во друштво на Кејт Мидлтон и неколку пријатели. Како што пренеле медиумите, сега можел да го преземе наследството од околу 10 милиони фунти кое му го оставила мајката Дајана. Принцезата Дајана поголемиот дел од својот имот им го оставила на синовите, но било одредено дека наследството можат да го користат по навршување на 30 години.

Дајана оставила имот вреден повеќе од 12 милиони фунти, износ кој денес се проценува на околу 20 милиони фунти. Принцовите Хари и Вилијам ќе го поделат тој износ. Вилијам и неговата седмица во последно време доста често се појавувале во јавноста, често како претставници на неговата баба, кралицата Елизабета на настаните во чест на нејзиниот дијамантски јубилеј. Вилијам е втор по ред за престолот, зад својот татко принцот Чарлс.