Повеќе од 7000 посетители на една британска веб страница одлучиле дека принцот Вилијам е највлијателен човек во нивната држава. Принцот, кој во април оваа година се венча со Кејт Мидлтон, зад себе ги оставил диџејот Дејвид Гета и фудбалерот Кристија Роналдо.


Неговиот брат Хари исто така се нашол на листата, но на 22 место, додека британскиот премиер Дејвид Камерон се нашол на далечното 49 место. Уредникот на веб страницата изјавил дека ова е година за која посетителите сметаат дека му припаѓала на Вилијам. Додал дека принцот е голем работник и промотер на земјата, кој својот статус го користел за доброто на сите.