Британскиот принц Вилијам е прогласен за најпопуларен член на кралското семејство откако освоил 62 проценти од гласовите, додека неговата баба кралицата Елизабета освоила околу 40 проценти од гласовите во анекта која ја спровел лондоснкиот Кралски колеџ. Вилијам, кој е втор по ред за престолот, победил пред кралицата, својата сопруга Кејт и својот брат принцот Хари.
На второто место се нашла кралицата Елизабета, додека терт бил принцот Хари. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се нашла на четвртото место, додека принцот Чарлс бил петти. Неговата сестра Ана се нашла на шестото, а неговиот татко принцот Филип на седмото место. На последните места се нашле принцот Ендру и сопругата на принцот Чарлс, Камила, со по два проценти од гласовите, а со еден процент на последното место се нашол принцот Едвард. Професорот од кралскиот колеџ и политички аналитичар Роџер Мортимор верува дека ова гласање би можело да укаже на желбата на јавноста принцот Вилијам да дојде на престолот место неговиот татко, бидејќи бил доста популарен.