Принцот Вилијам, која се жени на 29 април, овој викенд ќе слави момчешка вечер, а после тоа патува на Северниот Пол. Забавата ќе ја организира неговиот помлад брат Хари, а деталите се држат во тајност поради безбедносни причини. Единствено со сите детали е запознато обезбедувањето на принцот.
Извор близок на принцот изјавил дека не смеат да ја откријат локацијата, но додале дека сигурно ќе има многу алкохол и забавни активности. Интересно е тоа што овие денови младенците ја избирале свадбената торта, а Вилијам избрал со кој вкус ќе биде “ергенската“торта која ќе биде служена покрај свадбената. Тој се одлучил за торта со вкус на неговите омилени кекси, а за нејзината изработка ќе бидат потрошени 1700 парчиња кекс како и 17 различни видови чоколадо.