Принцот Вилијам одлучил да се врати на училиште и дополнително да поработи на своето образование, со оглед на тоа што е меѓу првите за преземање на круната по завршувањето на владеењето на кралицата Елизабета. Вилијам ќе го посетува Кембриџ универзитетот десетседмици, како полноправен студент, а ќе слуша предавања од земјоделски менаџмент, било соопштено од Кесингтонската палата.

 

Во соопштението било наведено дека курсот е дизајниран да му помогне на војводата во разбирањето на привремените проблеми кои влијаат на правилниот развој на земјоделскиот бизнис во Обединетото Кралство. Студиите на принцот ќе опфаќаат предавања, семинари, излети и домашни задачи кои ќе мора да ги извршува. Принцот рекол дека многу се радува за враќањето на факултет и дека е многу возбуден.