Иако како потенцијален датум на неговата венчавка се споменуваше 29 јули 2011, денот кога е триесетгодишнината од венчавката на неговите родители, дошло до мали промени. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе се венчаат на 29 април. Принцот наводно инсистирал на венчавка во пролет, иако советниците на кралскиот двор го убедувале за лето за да се избегнат лошите временски прилики.


Пaрот ќе се венча во Вестминстерската катедрала. Во катедралата собира 2000 луѓе, а уште стотина може да се сместат во дворот пред неа и во околните улици. Помошникот на принцот, Џејми Лоутер-Пинкертон изјавил дека Кејт и Вилијам катедралата ја избрале поради нејзината убавина која ги восхитила. Додал дека и двајцата учествуваат во подготовките за свадбата и дека се многу заљубени.