Извор близок до британското кралско семејство изјавил дека принцот Вилијам ќе присуствува на породувањето на својата сопруга Кејт Мидлтон, закажано за 13 јули во лондонската болница „Света Марија“ во Падингтон. Кејт ќе ја пораѓаат двајца кралски гинеколози, Алан Фартингом и Маркус Сетчел, а принцот е одлучен во својата намера својот наследник или наследничка да ја дочека во операционата сала, а не во замокот во Кенсингтон.

Тој изјавил дека цело време ќе биде покрај својата сопруга, уверен дека во така важен момент присуството на таткото е неопходно и за бебето. Идната мајка изјавила дека детето ќе го воспитува во склад со семејсната традиција, но и дека сака тоа да има нормално детство како и другите деца, и да израснер во самостојна и одговорна личност.