На крајот од старата година во RAF одделението на принцот Вилијам во Северен Велс се огласил алармот поради дојава за човек кој бил однесен од бурата на море во блискиот Блекпул. Принцот со тројца колеги заминал во потрага со хеликоптер борејќи се со ветерот од 80 километри на час, додека чамците за спасување кои им се придружиле пловеле низ брановите високи два метри.
Несреќниот човек не бил пронајден. Се претпоставува дека не преживеал, но потрагата продолжила. За разлика од Нова година принцот за Божик бил слободен и деновите ги минал со бремената сопруга Кејт кај нејзиното семејство. Престојувале во резиденцијата Мидлтон во Баклбери, село во грофовијата Беркшир, западно од Лондон.