Принцот Вилијам за некаде околу месец дена се очекува да стане татко, а токму сега се дознава дека има индиско потекло. Според весникот „Тајмс“, ваквите наводи се воспоставени врз основа на анализата направена на неговата плунка.
Во вените на принцот Вилијам има индиска крв.
Всушност, истражувачите од Универзитетот во Единбург тврдат дека ДНК на внукот на кралицата Елизабета Втора е поврзан со ДНК на жена која била полу индијка.

Претходно е потврдено дека Елиза Кевар, прабаба на мајката на Вилијам, Дајана Спенсер, била Ерменка, а исто така најновите анализи покажуваат дека имала и индиска крв.
Генетичарот Џим Вилсон од гореспоменатиот универзитет изјавува за „Тајмс“ дека индиските корени на принцот Вилијам се дефинитивно „неоспорливи“.
Тоа значи дека сопругот на Кејт Миделтон, односно човекот кој еден ден ќе застане на чело на кралството ќе биде првиот бртитански крал кој што има индиско потекло.