Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт пристигнаа во еднонеделна посета на Индија и Бутан, што е нивно второ поголемо патување во својство на претставници на британската круна и прва кралска турнеја после речиси две години. Војводата и војвотката од Кембриџ својата прва посета на Индија ја започнаа со полагање венец на споменикот во хотелот „Таџ Махал Палас“, во кој во терористички напад во 2008 година погина 31 лице.
Пред хотел во исто време се собраа голем број луѓе, надевајќи се дека ќе успеат во живот да го видат британскот кралски пар. За време на посетата на Индија, Вилијам и Кејт ќе се состанат со индискиот премиер Нарендар Моди и со претставници на организации за зашитита на животната средина, а исто така ќе го посетат и величествениот Таџ Махал. Парот после посетата на Индија, на покана на бутанскиот крал, исто така ќе го посетат и соседниот Бутан.