Никол Кидман, Џенифер Лопез, Барбара Стрејсенд, Џек Блек и Том Хенкс се само некои од ѕвездите кои дошле да ги поздрават Принцот Вилијам и Кејт на свечената вечера која била организирана од британската академија на филмска и телевизиска уметност која била одржана во Лос Анџелес. Кејт ги воодушевила ѕвездите појавувајќи се во долг фустан на Александар Меквин, додека нејзиниот сопруг носел елегантно одело. Домаќин на вечерата бил британскиот комичар Стивен Фрај. За свечената вечера било припремено посебно мени, вклучувајќи и некои од јадењата кои биле служени на кралската свадба.


Место на оваа вечера чинело 25 илјади фунти, а сите собрани пари отишле за британските филмски таленти. Џенифер Лопез на вечерата дошла во придружба на мајка си, а меѓу официјално поканетите луѓе биле и Гордон Ремзи, Квентин Тарантино, Џејмс Бролин, Џенифер Гарнер, Блејк Лајвли и други. Интересно е тоа што луѓето кои живеат во непосредна близина на хотелот каде се одржал приемот, и дале дозвола на полицијата слободно да влезе на нивните имоти како би ги уапсиле фотографите кои немале дозвола да ја фотографираат свеченоста.