Иако сеуште не се потврдени наводите дека сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон чека бебе, младиот пар веќе го добил првиот подарок за приновата. За време на посетата на Кембриџ, принцот разговарал со жителите на овој универзитетски град, кога еден граѓанин му пришол и посакал да му даде подарок.
Според медиумите, принцот го прифатил подарокот со коментар дека ќе го зачува за подоцна. Кралската палата засега молчи околу евентуалната бременост на принцезата. Меѓутоа, на големо кружат гласини дека тоа е вистина и дека парот среќната вест ќе ја соопшти многу наскоро.