Младиот кралски пар не крие дека се спремни да станат родители. Војвотката од Кембриџ веќе прочитала книги за мајчинство, но и почнала повеќе да се грижи за своето здравје. Изгледа дека таа и Вилијам горат од желба за наследник или наследничка. Не можат да дочекаат да станат родители, а сметаат дека сега е идеално време за принова.
Во брак се шест месеци, и како што изгледа, потполно се спремни да станат родители. Во прилог на тоа оди и фактот што Кејт во последно време ставила на себе неколку килограми, што многумина го протумачиле како припрема на телото за бременост. Останува да се види дали наскоро ќе се оствари најголемата желба на кралскиот пар.