Кралскиот пар, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон штедат. Иако биле на скијање на Алпите, од одморот се вратиле со авион од нискотарифна компанија. Билетот на релација Женева – Манчестер во економска класа го платиле само 75 евра. Иако можат да си дозволат да патуваат со приватен авион, Кејт и Вилијам очигледно не сакаат залудно да трошат пари на беспотребни работи.
Британските медиуми пишуваат дека парот бил Алпите бидејќи не биле заедно на денот на вљубените. Тогаш принцот бил на воена задача на Фокландските Острови. Ова за нив не е прво патување со ефтин авиопревоз, бидејќи минатата година така патувале на венчавката во Единбург.