Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон не живеат повеќе во куќата која ја изнајмиле во Велс. Најпопуларните младенци на светот одлучиле своето семејно гнездо да го свијат во станот каде принцот во детството живеел со својата мајка, покојната принцеза Дајана. Војводата и војвотката од Кембриџ избрале стан со пет соби во Кенсингстонската палата која е изградена уште во 17 век.


Во него го преселиле мебелот од Клеаранс Хаус каде додека биле во Лондон живееле со принцот Хари. Станот, поради октриениот азбест во ѕидовите го реновирале три месеци. Според британскиот закон, Вилијам и Кејт, како и останатите членови на кралското семејство, немора да плаќаат станарина бидејќи се со кралска крв. Извор близок на Бакингамската палата открил дека ова е само привремено решение бидејќи станот не бил доволно голем за растење деца.