Војводата и војвотката од Кембруиџ, принцот Вилијам и Кејт се прогласени за најсовршен пар на светот во анкета која ја спровел британскиот канал „Watc“ и во која учествувале 1000 испитаници. Принцот и принцезата успеале да ги победат нивните добри пријатели Дејвид и Викторија Бекам кои се нашле на второто место.
На третата позиција биле Анџелина Џоли и Бред Пит, а на четвртата Бијонсе и Џеј Зи. Анкетираните на прашањето кој славен пар прв ќе се разведе во 2014 година најмногу гласале за Кети Прајс и нејзинот вереник Киран Хејлер, додека на второто место се нашле ким Кардашиан и Кање Вест.