Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ повторно се заедно по отсуството на Вилијам од седум седмици, а неговата пауза од воените обврски ја искористиле за романтичен одмор во Швајцарија. Обајцата се страсни скијачи, па така ниту оваа година не пропуштиле заедно да уживаат во скијањето.

Парот бил забележан како се бакнува на ски патеката, што е прв пат кралскиот пар да покажува интимност во јавност откако се бакнале на терасата на Бакингамската палата после венчавката во април минатата година. Вилијам наскоро ќе се врати на Фокландските Острови, каде моментално е стациониран, а Кејт ќе ја преземе обврската да ја организира прославата за првата годишница од бракот.