Кејт Мидлтон и принцот Вилијам овие дена се наоѓаат на карипскиот остров Мистик. Кралскиот пар на егзотичното одморалиште бил со родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, а за престој во луксузната вила ќе издвојат 26 илјади евра.

Куќата во која престојуваат има пет спални соби, а секоја од нив е опремена со луксузен тоалет, гардероба и тераса. Покрај тоа на располагање имаат и раскошна градина и голем базен. Војвотката од Кембриџ по проблемите со бременоста целосно закрепнала и сега ужива во одморот со сопругот и родителите. Сите заедно на Карибите ќе минат седум дена.