Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон избрале еден добротворен концерт како место на кое за прв пат ќе се појават во јавноста откако ја објавиле свршувачката. На концертот се собирале средства за фондот кој им помагал на децата заболени од рак. Идните младенци биле одлично расположени и се поздравувале со воодушевените присутни лица, кои се собрале за да ги видат почесните гости на концертот.
Принцот дошол во темно одело со бела кошула и виолетова кравата, додека Кејт сјаела во краток црнобел фустан. Додека влегувале во салата Вилијам забележал неколку момчиња кои биле маскирани за забавата, и им дофрлил дека изгледаат одлично. Тоа уште повеќе ги воодушевило присутните.