Вилијам и Кејт, кои ќе се венчаат во петок, потпишале предбрачен договор, по кој, во случај на развод, Кејт има право на одредена сума пари наместо на дел од неговиот имот, а старателството врз децата би му припаднало на Вилијам. Иако не се знае што точно пишува во договорот, некои поединости протекле во јавноста.


Сумата која би ја добила Кејт во случај на развод би била милионска, со годишен додаток, кој би се сменил доколку Кејт повторно се омажи. Децата би му припаднале на принцот, а Кејт и нејзиното семејство би имале право да ги посетуваат. Кејт би престанала да живее во кралската палата и би го изгубила звањето „Кралско височество“.