Центарот за култура „Григор Прличев“ продолжува со прикажување на филмските светски хитови. Од денес па се до 15- ти октомври, на репертоарот е мегахитот „Принцот од Персија.“

Станува збор за филм работен според истоимената видеоигра која се појави во 1989 година, а својот врв го достигнува со појавувањето на второто продолжение во 1993 година.

Приказната започнува кога персискиот владетел ќе се одлучи да ја нападне Индија која во тоа време е најмоќната империја. Неговиот син во желба за самодокажување поаѓа во војна со својот татко. Кога војската ќе се пробие во утврдувањето, принцот тргнува во потрага за реликвијата, ножот на времето, кој индискиот владетел го украл од безвремениот остров.

Филмот е дело на режисерот Mike Newell, а главните улоги ги толкуваат Jake Gyllenhaal Gemma Arterton, Ben Kingly, Alfred Molina.

Кинопроекциите започнуваат во 20 часот.

OhridNews