Канцеларијата на принцот Алберт од Монако службено објави дека тој и сопругата Шарлин го очекуваат своето прво дете. Во кратката објава пишува само дека принцезата би требало да се породи кон крајот на годинава. Монако е кнежевство на чие чело е Албер Втори, син на Грејс Кели и Раиниеро Трети од Монако.

 

Алберт во 2011 се оженил со пливачката Шарлин Витсток. Бракот не им бил отсекогаш складен, а пред неколку години медиумите пишуваа дека врската им е во криза бидејќи Шарлин не може да остане бремена. Принцот има две вонбрачни деца со две жени, ќерката Јасмин Грејс и синот Александар Коста. Бидејќи се родени вонбрачно, децата не можат да учествуваат во наследството на престолот, иако Алберт признал дека им е татко.