Принцезата од Монако и Принцот Алберт станале родители на близнаци. Принцезата со царски рез денес родила син и ќерка и така станала мајка по прв пат, додека принцот Алберт има уште две деца од претходни врски. Престолот автоматски го наследува момчето кој ќе има титула маркиз, а момчето и девојчето се први близнаци родени во кралското семејство, но нема да го делат престолот. Доколку беа со ист пол на тронот би седнало детето кое дошло на свет прво, а вака автоматски таткото го наследува синот.
За титулата на девојчето ќе се одлучува допрва. Имено, момчето ќе биде маркиз, а обичај е вториот син да биде гроф, но титулата грофица понекогаш може да и се даде и на ќерката. Палатата сеуште не ја потврдила веста, но кога истата ќе биде официјална, кралската војска ќе ги поздрави со 42 топовски истрели. Парот се венчал во 2011 година на раскошна свеченост во кнежевската палата на која присуствувале околу 800 угледни гости.