После принцот Вилијам, изгледа дека и Хари ја пронајде својата принцеза. Младиот член на британското кралско семејств наводно е во врска со младата актерка Ема Вотсон која се прослави во серијалот за Хари Потер. Британските медиуми пишуваат и дека тие двајца се запознале недолго откако таа прекинала со поранешното момче, а тогаш Хари и испратил покана да му биде партнерка на една свеченост.

 

Во секој случај, принцот не ги заборавил манирите, а и кој би одбил принц? Ни едниот ни другиот ниту ја потврдиле ниту ја демантирале веста, но гласините предизвикале бран позитивни и негативни критики на социјалните мрежи. Интересно е и тоа што Ема неодамна објавила дека ќе ја глуми принцезата во филмот „Убавицата и ѕверот“, па оваа приказна би можела да се оствари и во реалниот живот.