Принцот Хари кој има 30 години неодамна изјав дека баш како и неговиот брат Вилијам, сака да има деца, но нема со кој. Петти во редот за круната, Хари неодамна прекина со долгогодишната девојка Кресида Бонас, а на еден поло натпревар се дружел со актерката Џена Колман која има 29 години.

 

Дел од присутните на натпреварот велат дека не се разделувале и дека принцот постојано флертувал со актерката. Таа до неодамна била во врска со ѕвездата на серијата „Игри на престолот“ Ричард Меден. Единственото прашање кое сега се поставува е како кралското семејство и палатата ќе ја прифатат врската на принцот и актерката.