Британскиот принц Хари би можел повторно да служи во Авганистан, после повеќемесечната обука на воен хеликоптер во САД. Таблоидот „Сан“ пренел информација дека помладиот брат на принцот Вилијам потврдил дека ќе биде испратен во Авганистан.
Наводно принцот едвај чекал да оди таму. Кралската палата не сакала да ги коментира извештаите велејќи дека неговата служба е прашање за воените заповедници. Хари служел во Авганистан во 2008 година, но неговиот престој бил скратен кога во јавноста се појавиле извештаи дека се наоѓа во таа земја.