Откако отишол на обука во САД, принцот Хари повеќе време минува по баровите и клубовите отколку во воената база. Дури три ноќи по ред младиот британски принц лудувал во клубовите во Лас Вегас, а американските таблоиди тврдат дека повторно го уловиле во друштво на млади убавици.
Ваквите приказни го вознемириле британскиот кралски двор, па на Хари му било сугерирано под итно да се среди. Меѓутоа, бидејќи неговата обука наскоро завршува, принцот решил да не го послуша овој совет и во голем стил да го напушти Лас Вегас.