Принцот Хари своите излегувања за викенд обично ги минувал на луди забави во омилените клубови со девојката Челси. Меѓутоа, парот повторно раскинал, па принцот изминатиов викенд својот роденден го прославил на куглање. Откако потполно трезен во четвртокот го прославил роденденот во базата на кралската воздухопловна војска, Хари одлучил во петокот да се опушти со пријателите со хамбургери и пиво, и се разбира, куглање.


Според зборовите на присутните, принцот дури и не закупил приватен дел од кугланата, туку застанал во ред како и сите други, расположено позирајќи им на фотографите кои го замолиле за фотографија. На оваа едноставна прослава не се појавиле ниту принцот Вилијам, ниту Челси, со која постојано раскинува и се смирува. И покрај тоа што кратко бил со манекенката Флоренс Брундел-Брус, принцот Хари официјално е слободен откако раскинал со Челси пред неколку месеци.