Кресида Бонас конечно ги надминала своите стравови од свадба со принцот Хари и влегување во кралското семејство, јавуваат британските медиуми. Една нејзина другарка рекла дека Кресида ќе се омажи за Хари. Тој не престанувал да зборува за брак и деца, и таа со тек на време се навикнала на таа идеја. ВЕнчавката најверојатно ќе биде следната година. Не е тајна дека принцот Хари, најпознатиот британски ерген кој следната година полни 30, сака да се скраси со Кресида која има 24 години.
Како што пишуваат британските медиуми, нив двајца во мај 2012 година ги запознала принцезата Еугенија, но Кресида сметала дека е премногу млада за брак. Хари, меѓутоа, одлучил да се скраси и бил упорен. За време на неговата четиримесечна служба во Авганистан постојано биле во телефонски контакт. По враќањето дома, љубовта процветала и биле повеќе пати видени заедно во јавност. Нејзиното семејство, кое е во директна роднинска врска со Едвард Седми, познато е по боемскиот начин на живот и забавите, што посебно му се допаднало на принцот.