Принцот Хари е повторно слободен. Еден од најпосакуваните ергени ја раскинал врската со моделот Флоренс Брундел Брус. Принцот и заносната Флоренс биле во врска два месеци, а извор близок на принцот открил дека причина за раскинувањето на нивната романса е тоа што тој не сакал да се врзува.


Флоренс која претходни била во врска со формула 1 пилотот Џејсон Батон го поканила принцот да и се придружи на одморот на Ибица, но од тоа по се изгледа нема да има ништо. Нивните познаници исто така откриле дека Хари, поради бројните обврски кои ги има како воен пилот и обуката за управување со воен хеликоптер, немал доволно време да и посвети на својата девојка, а наскоро повторно го очекува приклучување кон воените мисии во Авганистан.