Принцот Хари со тим британски војници кои во биле ранети во Ирак во недела ќе замине на хуманитарна експедиција на Јужниот Пол. Освен британскиот тим, во експедицијата ќе учествуваат американски војници кои исто така војувале и биле ранети во Ирак, на чело со актерот Александр Скарсгард, додека австралиската и канадската екипа ќе је предводи Доминик Вест. Тие на јужниот пол ќе се соочат со екстремни услови, температура од минус 57 степени и ветрови со брзина од 80 километри на час.
Тимовите за експедицијата се подготвувале во Норвешка и на Исланд, но ништо во целост не може да ги припреми за условите кои ги очекуваат. Меѓу американските војници кои биле ранети во Ирак е и Иван КАстро, кој рекол дека една од целите на експедицијата е да се покаже колкави се капацитетите на воените ветерани. Тој рекол дека се надева како американците ќе бидат први кои ќе го постават своето знаме на Јужниот Пол, но дека најважно е сите да ја завршат трката. Тој рекол дека сите заедно се еден тим.