Принцот Хари на 15 септември оваа година ќе го прослави својот 30. роденден, кога и официјално ќе ги наследи своите десет милиони фунти кои му ги оставила неговата мајка, принцезата Дајана. Од таа сума, помладиот син на принцот Чарлс, ќе мора да исплати 40 проценти на име данок, односно нешто помалку доколку одлучи дел од парите да уплати во добротворни цели. Како што пренесуваат медиумите, неговиот брат, принцот Вилијам, своето наследство го добил пред две години.
Извор близок до кралското семејство изјавил дека постојат многу малку сличности помеѓу обичниот граѓанин и принцовите, но кога станува збор за данокот, сите се рамноправни. Тој навел дека Вилијам платил данок кога наполнил 30 години, а така ќе постапи и Хари. Неговите соработници разгледуваат кој е најповолниот начин младиот принц да ја исполи својата должност кон државата.