Според изборот на списанието “Town & Country”, најпосакуван ерген на светот е принцот Хари. Иако многумина го сметаат за разгаленото дете на британскиот кралски двор, списанието неговото однесување го окарактеризирало како шармантно.
Од “Town & Country“ објасниле дека Хари можеби немал висок коефициент на интелегенција, бил неодлучен студент и бегал од факултет, но бил попривлечен од братот Вилијам. Освен принцот, списанието на листата ги ставило уште и Конор Кенеди, Џорџ Хамилтон, Чарлс Рокфелер и Џорџ Клуни.