После бројните љубовни промашувања, по се изгледа принцот Хари конечно се спремен да се скраси, и тоа со убавица со сина крв. Како што пренесуваат странските медиуми, 31-годишниот принц е до уши вљубен во принцезата Марија Олимпија од Грција и Данска. Наводно ги запозна роднината на Хари, принцезата Беатрис, и веднаш се родиле емоции. Извор близок до Хари вели дека имале неколку состаноци и сега планираат заедно да одат на скијање. Додал и дека Марија Oлимпија многу им се допаднала на војводата и војвотката од Кембриџ, и мислат дека таа е најдобрата девојка на Хари досега. Кесингтонската палата одби од ги коментира овие наводи.
Марија Олимпија има само 19 години, а веќе се смета за една од најубавите принцези на светот. Студирала драма, историја на уметноста и фотографија во Лоднон, а е редовно забележана на елитните настани во британската престолнина. Позирала за списанието „Татлер“, кое ја претстави како „најпосакувана девојка за мажење на светот“. Родена e во Њујорк, а порасна во Лондон. Најстара е од пет деца и единствено девојче во семејството. Нејзиниот профил на Инстаграм е показател колку раскошно живее, од патувања по Медитеранот со јахти, преку зимувања на Алпите, до летови со приватен авион…