Принцот Хари не престанува да се забавува. Додека целиот свет го следи секој чекор на неговиот брат Вилијам, Хари се фрлил во потрага за нова девојка. Според зборовите на британские медиуми, сега око и фрлил на манекенката Бар Рафаели. Имено, бидејќи неодамна ја прекинал врската со Флоренс Бруденел-Брус, на принцот почнала да му се допаѓа Бар Рафаели па се обидувал да ја шармира со сите сили.
Додека девојките ширум светот би биле фасцинирани да станат принцези, Бар не мисли на тоа, па на Хари никако не му поаѓа од рака да договори вечера со заносната израелка која станала уште попопуларна додека му била девојка на Леонардо ди Каприо. Инаку, Хари со Флоренс раскинал кога таа дознала дека принцот и понатаму контактира со поранешната девојка Челзи Дејви.