Врската на бритаснкиот принц Хари и убавата манекенка Флоренс Брундел-Брус станува се посериозна додека парот се припрема за своето прво заедничко летување на Ибица.

 Атрактивната манекенка за долна облека изнајмила со своите пријатели голема вила на шпанскиот остров, а Хари наскоро ќе им се придружи, бидејќи морал да присуствува на венчавката на својата роднина, принцезата Зара Филипс.

Интересно е тоа што иако кралското семејство на почетокот се противело на изборот на Хари, од кралската палата стигнуваат вести дека повеќе никој не се противи на тоа Хари во јавноста да ја претставува Флоренс како своја нова избраничка.

Една од причините то кралското семејство одлучило да ја прифати Флоренс е и тоа што таа е со племенито потекло и потомок на војводата од Кардиган.