Откако се вратил од САД, каде повеќе лудувал отколку што бил на воена обука, принцот Хари изгледа решил малку да се смири, па повторно се нашол во прегратките на атрактивната манекенка Флоренс Брундел-Брус. КАко што истакнуваат пријателите на британската манекенка, која се прославила рекламирајќи долна облека, принцот Хари и Флоренс ја обновиле врската која ја прекинале пред шест месеци.

Принцот бил забележан како ја посетува Флоренс во нејзината вила на Нотинг Хил, а според зборовите на нејзините пријатели, не излегувале многу и поголемиот дел од вреето го минувале гледајќи филмови. Пред романсата со принцот Хари, Флоренс се забавувала со возачот на формула 1 Џенсон Батон.