Токму кога сите помислиле дека принцот Хари се смирил и станал сериозен, тој за викенд излегол со друштво, добро се забавувал и се обидел да заведе една од пејачките на женскиот бенд „Pussycat Dolls“. Штом се вратил од мисијата во Авганистан, Хари со другарите организирал излегување во еден лондонски клуб, а друштвото било повеќе од забележано, бидејќи пиеле најскапи пијалоци цела ноќ.
Во истиот клуб се затекла и Ешли Робертс, една од пејачките на „Pussycat Dolls“, која му се допаднала на Хари. Принцот добар дел од ноќта минал флертувајќи со атрактивната русокоса, но на крајот сепак си заминал сам.