Принцот Хари и Меган Маркл нивната врска ја чуваа далеку од очите на јавоста, а двојката се очекува своето прво официјлано појавување да го направи на специјална семејна прилика, на венчавката на Пипа Мидлтон на 20 мај, објавија светските таблоиди, пренесува „Макфакс“.

Двојката ја гради врската на повисоко ниво, велат пријателите.

„Хари и Меган се лудо вљубени и тој веќе не сака да го скрие тоа од светот”, изјави пријател на двојката за весникот „Daily Star“.

Минатата недела, принцот и неговата девојка, телевизиска ѕвезда, биле забележани како шетаат рака под рака на прометна улица во Лондон, откако уживале во романтична вечера во западен Лондон.

Припадник на обезбедувањето одел малку пред Хари, кој бил облечен во сини панталони, кошула, црна палто, а прекрасната Меган носела фармерки и долга црна јакна.

Пријател на актерката Меган тврди дека таа речиси се преселила кај принцот Хари во палатата Кенсингтон и дека двојката не се разделува. Наскоро се очекува веридба пренесува магазинот „Daily Mirror“.

OhridNews
извор: „Макфакс“