Британскиот принц Џорџ го прослави вториот роденден, а неговите родители, војвдата и војвотката од Кембриџ, по тој повод објавија нова официјална фотографија од детето, трето во редот за престолот. Ја снимил познатиот моден фотограф Марио Тестино на крштевката на помлата сестра на Џорџ, принцезата Шарлот, а на неа принцот Вилијма гордо гледа во својот син.
Минатата година Џорџ имаше роденденска забава во Кенсингтонската палата, а почесен гостин беше неговата прабаба, кралицата Елизабета Втора. Вчера роденденот го прослави во Норфолк, но без членови на кралското семејство. На гости беа неговите дедо и баба по мајка, тетката Пипа, некои од седумте кумови и другари. Вториот дедо Чарлс и неговата сопруга Камила се на официјална тридневна турнеја по Корнвол, а не можеле да присуствуваат на забавата, но на внукот ќе му дадат подароци дополнително.