Синот на британскиот принц Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, оваа година добил божиќни подароци вредни околу 10 илјади евра. Принцот, кој во јули ќе наполни две години, добил дрвена пиратска колиба, вредна 3000 евра. Колибата се наоѓа во резиденцијата која е на околу 200 километри од Лондон. Тој имот има неколку стотини хектари.

 

Џорџ добил и дрвена зебра на нишање од 6000 евра од својот стрико, принцот Хари. Подарокот е наменет за малиот принц да се навикне на коњската грица како еден ден достоинствено би јавал заедно со својот татко. Помалку вредни подароци од околу 400 евра се дрвен воз и автомобил, направени по нарачка. Принцот Џорџ, кој следната година ќе добие брат или сестра, е трет во редот за британскиот престол, после својот татко и дедо, принцот Чарлс.