Гледано од оваа дистанца, венчавката на принцот Чарлс и лејди Дајана делува како грешка. Така барем произлегува од најновата, неавторизирана биографија на британскиот престолонаследник во која пишува дека ден пред венчавката најстариот син на кралицата Елизабета би и повеќе од неодлучен. Според изјавите на сведоците, на тој 28 јули 1981 година, Чарлс бил очаен.

 

Идниот младоженец им се жалел на блиските дека не може да го стори тоа. Она што во тој момент не го знаел бил фактот што и Дајана се премислувала. Принцезата која уште тогаш се соменвала дека Чарл е во врска со Камила на своите сестри им рекла дека не може да се омажи за него и дека тоа е невозможно. Како што е добро познато, церемонијата сепак била одржана. Чарлс и Дајана добија два сина и во брак останаа 15 години, и покрај бројните скандали и неверства.