Принцот Чарлс го посетил Вимблдон, прв пат после 42 години, како од кралската ложа би го одгледал мечот помеѓу Рожер Федерер и Фабио Фоњини. Принцот разговарал со поранешниот британски тенисер Тим Хенман, па потоа со сопругата Камила го зазел своето место во ложата.
Војвотката од Корнвол Камила следела мечеви на овој престижен турнир и минатата година. Британската кралица Елизабета го посетила Вимблдон во 2010 година, но Чарлс не доаѓал од 1970 година. Федерер и Фоњини, пред почетокот на мечот, со поклонување ги поздравиле членовите на кралското семејство.