Иако им било потребно некое време, принцезата Шарлен и принцот Алберт од Минако конечно се во слатко исчекување. И тоа двојно, бидејќи принцезата чека близнаци. Таа среќна вест ја потврдила и самата принцеза. Кралскиот пар заедно се појавил на настан посветен на Принцезата Грејс во „Regent Beverly Wilshire“ хотелот, а Шарлен блексата во бел фустан кој благо го нагласувал нејзиниот труднички стомак. Таа рекла дека е вистина и дека се чувствувала апслутно сјајно.

Таа и нејзиниот сопруг заедно минале низ многу предизвици, но успеале да ги победат. Парот се венчал во 2011 година на раскошна свеченост во кнежевската палата на која присуствувале околу 800 угледни гости, а еден ден пред тоа имале цивилна венчавка во кругот на најблиските. Венчавката преку телевизија ја следеле голем број гледачи ширум светот.