Принцот Жак Оноре Рение и принцезата Габриела Тереза Мари немаат ни месец дена, но веќе го имаа својот прв јавен настап. Принцот Алберт Втори и принцезата Шрлин ги изнеле на балконот на кнежевската палата во Монако блзинаците, како и официјално би ги претставиле на насобраните воодушевени поданици. Нивната мајка Шарлин во прегратките го држела малиот Жак кој еден ден ќе го наследи престолот на Монако, а гордиот Алберт ја држел Габриела, втора во редот за престолот.
Бебињата се родени на 10 декември, со царски рез, во интервал од две минути. И покрај тоа што е помлад, Жак ќе го наследи својот татко на престолот, благодарение на законот кој секогаш му дава предност на машкиот наследник, без оглед на постарата сестра. Габриела ја добила титулата Грофица од Карладес, додека нејзиниот брат близнак Маркиз од Боа, име кое секогаш се дава на првородениот син.