Британското кралско семејство објави нови фотографии од својот најмлад член, шестмесечната принцеза Шарлот, која последен пат во јавност беше видена на својата крштевка во јули. Новите фотографии од малата принцеза, која ги сними Кејт Мидлтон, објавени се во знак на благодарност кон британските медиуми затоа што на децата на принцот Вилијам и Кејт им даваат можност да растат далеку од очите на јавноста.
Шарлот е темнокоса и многу личи на својата мајка, за разлика од својот постар брат Џорџ, кој ја наследи светлата коса на Вилијам. Фотографиите принцезата ги направи на почетокот на ноември во домот на кралското семејство во Норфолк. Првобитно не било планирано да бидат објавени јавно, но Кејт била толку задоволна од нив, што одлучи да ги објави во знак на благодарност кон медиумите и јавноста.