Средбата со американскиот претседател и неговата сопруга бил првиот службен состанок за Вилијам и Кејт откако се вратиле од медениот месец. Барак и Мишел Обама го посетиле кралскиот пар во нивната палата. Во таа прилика ја запознале и кралицата Елизабета.
Кејт била многу критизирана дека претерала со диетата пред свадбата, но се чини дека ни судбоносното да кое го кажал принцот Вилијам не ја мотивирало да почне да јаде нормално. На состанокот со Обама Кејт изгледала како 10 дена додека биле на меден месец да не јадела ништо. Претерената ослабеност може да биде и последица на стрес. Кејт, имено, е под голем притисок што порано да остане бремена како британската круна би добила наследник.