Принцезата Кетрин ќе спреми дури 40 комбинации за облекување за својата прва официјална посета на Канада. Таа и нејзиниот сопруг принцот Вилијам патувањето ќе го започнат на почеткот на јуни, а неколку дена ќе минат и во САД. Бидејќи неодамна со својот стајлинг успеа да ја засени дури и првата дама на САД, Мишел Обама за време на нивната посета на Бакингамската палата, од Кејт сега се очекува да ги одушеви и канаѓаните, но и Холивуд, кој исто така ќе се најде на мапата на патувањето на новопечениот кралски пар.


За да може полесно да се одлучи кои костуми и фустани ќе ги носи, Кејт ги ангажирала својата сестра Пипи и мајката Керол да и помогнат во селекцијата. Сосема е сигурно дена на пат ќе понесе облека од своите омилени брендови чии цени се прилагодени на средната класа. Од неа се очекува за време на турнејата да ја промовира британската мода, но и да носи по некое парче облека од локалните канадски креатори.