Принцезата Кејт морала да мине специјален курс за самоодбрана против киднапирање, како во случај на опасност би можела да се заштити и самата. Многу членови на кралското семејство исто така минале низ разни курсеви за самоодбрана, а принцот Вилијам пред свадбата ја наговорил својата сопруга и таа да научи некои основи за да може да се заштити во вонредни ситуации.
Интересно е тоа што принцезата Кејт Мидлтон била обучувана од специјалните британски антитерористички единици САС, а како што пишуваат британските медиуми, тренизните биле исклучително напорни, како физички така и ментално.