На принцот Вилијам и принцезата Кејт распоредот овие дена им е пренатрупан, а по прославата на роденденот на кралицата Елизабета, младиот пар присуствувал и на роденденот на принцот Филип кој наполнил 90 години. Целото кралско семејство се собрало во капелата во Виндзор, на официјалното одбележување на роденденот на војводата од Единбург, кој е во еден од најдолгите кралски бракови со кралицата Елизабета цели 65 години. На церемонијата присуствувале околу 750 гости.
Како и многу пати досега, очите на сите гости биле вперени кон новиот кралски пар, Кејт и Вилијам, кои имале подготвена насмевка за сите, а Кејт изгледала прекрасно во син фустан и мантил со препознатливи кралски мотиви и неизбежниот шешир на главата. Вилијам се одлучил за тегет одело, како би се усогласил со сопругата, па така дале впечаток на заедништво и хармонија. Претходно на една прослава принцезата открила дека ужива во секој момент од бракот, дека е многу среќна и дека сеуште се и изгледало нестварно.